Порано или подоцна затвор го чека министерот-шарлатан: Бектеши вработувал „скромни и чесни“

„Затвор го чека, порано или подоцна, и Крешник Бектеши, овој министер-шарлатан за економија, поради сторените кривични дела злоупотреба на службената должност и пречекорување на овластувањата“, тврди Валон Бела, високиот функционер на опозициската партија Беса, во својата објава на фејсбук.

Во објавата посветена на, како што вика, 20-годинишнината на ДУИ, настан кој го окупира јавниот простор деновиве, Беља, во името на Беса, ги објавува скандалите на министерот за економија Крешник Бектеши.

По повод 20-годишнината на ДУИ јавно ги објавуваме скандалите на министерот за економија Крешник Бектеши – договорите за работа од Министерството за економија, каде што раководи Бектеши, кој предавал економија пред да стане министер. Ниеден министер нема законско право да потпише толку договори. Ни случајно на овие списоци нема да најдете вдовици и сираци, нема да најдете ниту чесни сиромашни луѓе. Злоупотребата на службената должност и на пречекорувањето на овластувањата е кривично дело според Кривичниот закон на РМ- член 353. Порано или подоцна затвор го чека и овој министер-шарлатан, пишува Беља.

Линк до фејсбук статус:

https://www.facebook.com/valon.bela.5/posts/10224316574875212

Постави одговор

Your email address will not be published.