Лефков: Позади интерпелацијата за Џафери стои повеќе од половина Македонија, неговото недолично и противуставно однесување е за заштита на криминалот на владата

Позади ова интерпелација стои повеќе од половина Македонија. Повеќе од половина Македонија е потпишана на оваа интерпелација, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната седница на која се дискутира за интерпелацијата на собранискиот спикер Талат Џафери.

Лефков истакна дека непринципиелното и противуставното однесување на Џафери е резултат на заштита на криминалот на владата.

– Наместо да разговараме за тоа каде не донесе оваа влада да е неподносливо живеењето во државата Талат Џафери лично со своето непринципиелно, противуставно, противзаконско работење се поставува како жив штит и собранието го фрла како топовско место, како жртва во заштита на владата која има само и само криминални побуди, изјави тој.

Лефков додаде дека покрај пораз на економски и национален план, државата се соочува и со праз на демократијата внатре во собранието, како и дека Џафери наместо да ги штити процедурите и со тоа демократијата, тој ги крши.

– Како претседател на собранието вие треба да ја претставувате законодавната власт, треба да бидете чувар на процедурите. Преку чување на процедурите се зачувува и се задржува демократијата, вели Лефков.

Лефков ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да престанат да бидат само апарат за гласање, и ги побара од нив да ја поддржат оваа интерпелација се со цел конечно да започнат да работат во интерес на граѓаните.

– Денеска ни се случува тонење и затоа пред се им се обраќам на пратениците од мнозинството бидете свесни дека повеќе од половина од Македонија е за оваа промена, бараат од вас да ја поддржите оваа интерпелација и конечно да почнеме да работиме во интерес на граѓаните. Доста и вие како пратеници се фрлавте како топовско месо пред интересите на министрите, нека си ја понесе владата на невидливиот премиер одговорноста, повика Лефков.

Постави одговор

Your email address will not be published.