СОНК: Заврши денешната рунда преговори со МОН, ќе продолжат в петок

СОНК: Штрајкот почнува утре и ќе трае се додека не се изнајде прифатливо  решение за двете страни - CivilMedia

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков попладнево соопшти дека завршила денешната рунда преговори со Министетрството за образование и наука  под покровителство на помирувач и дека преговорите ќе продолжат в петок кога очекуваат и конкретни одговори на нивните предлози.

– Заврши денешната рунда на преговори со МОН, под покровителство на помирувач. Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни, објави Неделков на Фејсбук.

Синдикалниот лидер денеска изјави дека се на почеток на преговорите, но дека не почнуваат од нула што, рече, би одзело многу време и енергија.

– Сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк со позитивен резултат и не како победници, туку како социјални партнери, кои ќе најдат заедички прифатливи решенија, каде што нема да има победници и губитници…Најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите во сите дејности и во приватниот и во јавниот сектор, рече Неделков.

Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите и ако во текот на тој рок не се постигне договор, додаде денеска Неделков, преговорите ќе мора да се продолжат  за уште десет дена.