Османи: Преговорите тапкаат во место, нема договор со Софија

Бујар Османи за автобуската несреќа: Процесот на идентификација на телата  ќе трае седум дена

Преговорите со Бугарија тапкаат во место. Комуникација има, но поместување кон решение засега нема. Дијалогот со Софија сепак продолжува, вели министерот Османи, а тој ќе се одвива врз основа на охрабрувањата од Ковачевски и Петков.

Нивната средба во Италија не донела ништо ново, освен надеж дека ќе се дојде до договор кој ќе го крене ветото во јуни.

“Имавме средба пред два дена во Рим, каде што премиерите ги охрабрија министерствата да продолжат со дијалогот и напорите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение. Врз основа на тоа охрабрување продолжуваме понатаму, но во моментов нема нешто ново кое би можел да го споделам со вас, а да е различно од тоа што досега го зборував”.

За идејата на францускиот претседател Макрон за формирање на Европска политичка заедница во која би влегле сите европски држави кои не се членки на ЕУ, Османи вели дека ова не официјален предлог кој треба да се разгледува.

Отидени сме предалеку во исполнувањето на критериумите, рече министерот, за ваквата идеја да стане алтернатива за нашето членство во Унијата.

Османи не сакаше да ги коментира случувањата на бугарската политичка сцена. Рече дека во комуникацијата со Бугарија се водиме од нашите позиции, став кој се надева дека ќе вроди со плод.