Трајанов: На повидок е криминал од страна на власта, 25% е нададено на цената за да некој прави бизнис со поставување на фотоволтаици

„Одма на почетокот да расчистиме што е проблемот во овој предлог на закон, проблемот се пет милиони евра кој некој сака да ги украде, јасно и гласно. Еве сега ќе ви објаснам за што станува збор. Овој заем се планира во вкупна вредност од 25 милиони евра за инсталирање 10+20 мегавати, фотоволтаици. И што е проблемот? Просечната цена за еден мегават по оваа пресметка е 833 илјади евра. Реално на пазарот за да инсталирате еден мегават ви треба 600.000 евра. Ни повеќе, ни помалку, 25% е нададено во цената за да некој направи бизнис“, истакна Здравко Трајанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница коментирајќи го Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, што ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.

Трајанов додаде дека проблемот е во криминалот. Уште 10-ти, 11-ти месец посочил до владејачкото мнозинство дека решението за кризата е во домашна енергија. Меѓутоа решението не е во криминалот кој што го прави власта.

„Значи не можете ништо добро да направите во државата. И тогаш кога ќе носите навидум добар закон ко текст, ко наслов, и тогаш има некоја скриена работа, кога треба некој да ја протне туку тек така. Ова е на мала врата, обид да се направи бизнис од 25% на нешто што ќе следува многу силно во државата. Ќе следува силен инвестициски циклус во фотоволтаици. Меѓутоа не по оваа цена, драги господа пратеници од СДСМ. Ова е жив криминал, ова е предиминзионирање на нешто што не смее да помине и нешто што мора да биде јасно кажано на оваа говорница, за да се расчистат работите. Ова е обид за пљачкање на државата“, нагласи Трајанов.

Трајанов посочи дека 500.000 евра за проект е премногу. Државата ќе даде 500.000 евра за проект за да знае дали треба или не треба да инвестира и каде треба или каде не треба да инвестира. Па, малите деца знаат каде треба да се инвестира, каде не. Било кој инженер од сферата ќе потврди каде треба и каде не треба да се постават фотоволтаици.

Постави одговор

Your email address will not be published.