СОНК и Владата денес повторно преговараат: Ако не се постигне решение, од 11 април градинките и училиштата започнуваат штрајк!

СОНК СО ЗАКАНА КОН ВЛАСТИТЕ Можен е општ штрајк ако до 15 март не успеат  преговорите – plusinfo.mk

За денеска, како што најави претседателот на Синдикатот за образование и наука (СОНК), Јаким Неделков, закажана се нови преговори меѓу Синдикатот и Владата на која треба да преговараат за усогласување на платите во образовниот сектор.

Неделков вели оти одлуката за штрајк на градинките и школите, кој би требало да започне на 11 април, ќе трае сè додека не се исполнат нивните барања за усогласување на минималната плата со останатите плати во образовниот сектор.

СОНК бара следење на процентот на пораст на минималната плата односно за 18,4 проценти да се зголемат платите за потоа да се изнајде системско решение и во иднина да не се протестира секогаш кога ќе се зголемува минималната плата.

Меѓу другото, за претседателот на СОНК недозволиво е исполнување на нивните барања со проектирање на Буџетот за 2023 година.