Член на украинската делегација: Има подобрувања во логистиката на хуманитарните коридори

По разговорите со руската делегација, Михаил Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот Зеленски и член на украинската делегација, изјави дека има мал напредок во подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори во Украина.

„Третиот круг разговори заврши. „Постои одреден позитивен напредок во подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори… Продолжија интензивните консултации за главниот политички блок, заедно со прекин на огнот и безбедносни гаранции“, напиша Подољак на Твитер по разговорите.

Руската страна се надева дека од утре ќе почнат да работат хуманитарните коридори, во тоа не увери украинската страна, изјави шефот на руската делегација Владимир Медински.