Стоилковски: Ех бре криминалци!Се’ што критикувавте и го фативте демек со “реформа”, се’ запустивте, па пак се враќате на “вмровското” решение!

Ех бре криминалци!Се’ што критикувавте и го фативте демек со “реформа”, се’ запустивте, па пак се враќате на “вмровското” решение!

Удривте на рамниот данок, го сменивте во прогресивен данок, направивте дупка во буџетот и зголемена сива економија, пак се вративте на рамен данок!

Удривте по растот на пензиите, ги оштетивте пензионерите, ги втурнавте во сиромаштија, сега по четири години го враќате “вмровското” пресметување!

Удривте по странските инвестиции и наводно срамната “евтина работна сила”, за сега да се фалите единствено со нивните реинвестиции и единствен извоз!

Па дури и Удривте по дигитализација и компјутер за секое дете, за да лани (ееј!!!) конфискувате и забранувате книги во образованието!!!

Од сето ова; направивте “просјак” држава за леб, струја и лекови; сиромашна земја од каде се’ што е младо сака (и најчесто) бега, земја без нови реални фабрики, туку полиња на дрога и (сега) полиња на соларни панели; за да Македонија остане земја на сиромашни пензионери и “неписмени” деца!

Ете тоа го направивте во овие 5 (ПЕТ) години со експериментите на неспособните криминалци!

Само чекам да видам која фирма и институција ќе ја закачите на струја од Заев!? Од каде крв ќе доцицувате?

Видете им ги пораките од пред само шест месеци, не треба повеќе.

Можно е да е слика од 1 лице, седи и текст