Путин и израелскиот премиер повторно во контакт: Главна тема е ситуацијата во Украина

Председник Русије Владимир Путин - Sputnik Србија, 1920, 08.03.2022

Рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Нафтали Бенет телефонски разговарале за ситуацијата во врска со руската специјална операција за заштита на Донбас, соопшти прес-службата на Кремљ.
Како што беше прецизирано, разговорот бил воден на иницијатива на израелска страна.
„Се разговараше за различни аспекти на ситуацијата во развој, во врска со специјалната воена операција за заштита на Донбас што ја спроведе Русија“, се вели во соопштението.
Се наведува и дека рускиот претседател ги коментирал резултатите од третата рунда преговори меѓу руската делегација и претставниците на украинската влада, која се одржа на 7 март.
„Претседателот на Русија и премиерот на Израел се договорија да го продолжат дијалогот по тоа прашање“, пренесува руската страна.
Бенет на 5 март престојуваше во кратка посета на Москва, каде што се сретна со рускиот претседател. По тој повод се разговараше за украинската криза. Претходно Путин и Бенет разговарале по телефон.

Постави одговор

Your email address will not be published.