Владата забрани извоз на зејтин, пченица, брашно и други земјоделски производи

Владата вчера вечерта забрани извоз на зејтин, пченица, брашно и други земјоделски производи.

Причината, според владини извори, е продажбата на овие производи во соседните земји по повисоки цени без да се земе предвид потребата на домашниот пазар.  Досега ваква забрана имаше само зејтинот. 

Претходно денеска слична одлука донесе и соседна Србија. Српската влада донесе одлука за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи – пченица, пченично брашно, пченка и сончогледово масло.