Централната власт на СДСМ и ДУИ прави опструкции на општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ, последен случај е одземањето на ингеренции на општина Битола

Централната власт на СДСМ и ДУИ на секој можен начин се обидува да ја опструира работата на општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ.  Пoследниот случај доаѓа од Битола, каде што на општината и се одземени ингеренциите на локалната самоуправа врз една детска градинка за на тој начин централната власт да заштити директор за кој и самите вработени реагирале и имале поплаки за неговото работење.

И покрај тоа што целата документација била доставена до министерството за труд и социјална политика, централната власт решила да удри по воспитно образовниот процес, само и само да тера партиски инает и интерес.

Овој случај во Битола не е исклучок на опструкции на општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ, туку правило на централната власт. Притисокот е систематски. Прво беше безмилосното празнење на буџетите и енормните задолжувања на општините од страна на претходниците од СДСМ, а потоа следеше намалувањето на дотациите и трансферите кои по закон следуваат од централниот буџет кон општините за нормално работење.

Сега кога гледаат дека и покрај сите опструкции градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеа да реализираат илјадници проекти, преминуваат кон бесрамни методи како одземање на ингеренции.  Срамно и подло однесување на централната власт раководена од СДСМ и ДУИ. Но колку тие пониско удираат, толку ВМРО-ДПМНЕ повисоко се издига и народот тоа се повеќе го гледа.  Нервозата во СДСМ ги прави очајни, ама тоа нема да им помогне да се спасат од катастрофален пораз.

Постави одговор

Your email address will not be published.