Излезот на украинските војници во Азовското Море е целосно блокиран, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.
„Одредите на народната милиција на ДНР стигнаа до административната граница на регионот Доњецк и се поврзаа со воените единици на вооружените сили на Руската Федерација, кои ја презедоа контролата врз регионите на Украина долж брегот на Азовското Море. “, рече Конашенков.
Според него, од денеска целосно е блокиран излезот на Вооружените сили на Украина кон Азовското Море.
Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија додаде дека воената група ЛНР од почетокот на операцијата напреднала 61 километар на територијата и ја блокирала населбата Сватово.
Конашенков рече дека од почетокот на специјалната операција, руските вооружени сили уништиле 1.325 украински воени објекти.
Генералот додаде дека се уништени 395 тенкови и други борбени оклопни возила, 59 повеќецевни ракетни системи, 179 топови и минофрлачи од полска артилерија и 286 единици специјални воени возила.
„Руските вооружени сили извршија напад со високопрецизно оружје од воздух и од море, беа погодени два аеродроми и две пунктови за воздушна одбрана во Украина“, додаде генералот.
Конашенков нагласи дека во нападите со високопрецизно оружје врз објекти во Украина целосно се исклучени цивилната инфраструктура и станбените згради.