На проблемите на земјоделците одговара Спасовски со пријави, ете каква катастрофална политика води СДСМ во земјоделието

Исплатени субвенции за 2.332 индивудуални земјоделци - Иновативност

Соопштение до јавноста – реакција на ставовите на СДСМ на тема земјоделие

СДСМ може самата да се замајува за некакви успешни политики во реалноста, но не може да ги излаже земјоделците, оти тие најдобро гледаат каква катастрофа донесе власта.

Впрочем затоа земјоделците гласно зборуваат за своите проблеми, а реакцијата на владата се сведува на полициско малтретирање на земјоделците кои протестираат.  Испаѓа дека Оливер Спасовски е и министер за земјоделие, односно земјоделците протестираат, а тој им одговара со пријави.

Дури и Интервентниот фонд не беше предвиден во нивниот буџет за 2022, туку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ амандмански го предложија и сега е дел од буџетот за оваа година, со цел да се покријат колку што може катастрофалните политики на власта на СДСМ во земјоделието. Земјоделците гледаат дека ништо од тоа што го ветуваше СДСМ не се направи и сите економски показатели покажуваат сериозен пад на земјоделието, а за тоа одговорност има владата на Ковачевски и Николовски