Митева: Лошите политики во образованието никако да запрат, УКИМ е на 1944 место според Шангајската листа

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет на УКИМ - Независен Весник

Следејќи ги катастрофалните состојби на сите нивоа во државата така и во образованието се случуваат нови порази. Насекаде се предлагаат мерки за олабавување на рестрикциите поради корона кризата, но студентите се уште посетуваат онлајн настава, имаат онлајн вежби и полагаат онлајн испити.

Некои студенти ќе завршат 3 години, што значи ќе се стекнат со диплома без ниту еден ден надтава во живо, без развој на односот помеѓу професор, асистент или колега. Исто така, постојат исклучоци односно нема унифицираност на наставата затоа што неколку средни училишта продолжиле со онлајн настава, иако сите други работат со физичко присуство.

Министерот за образование е должен да одговори која е причината зошто има вакви исклучоци?

Дополнително, Министерството треба да одговори дали го следи незаконското постапување на Државниот испитен центар и зошто молчи кога веќе неколку месеци не се организираат испитите за назначување на рсководни кадри во образованието? Дали повторно со ваквиот однос се докажува дека за оваа власт политиката е длабоко вкоренета во образованието?

За крај, потврда дека образованието е на последно место на приоритети на оваа влада видовме и на Шангајската листа каде УКИМ се најде на 1944 место, што е пад за 27 места споредено со минатата година. УКИМ е на листата позади Белград, кој е во првите 500 универзитети, позади Загреб, Љубљана и бројни други факултети од регионот. Што се случува, има ли УКИМ воопшто ректор и ќе понесе ли некој одговорност?

Почитувани,

Образованието е столб на државата и образованието е тоа кое обезбедува просперитет. За жал на оваа влада на СДСМ И ДУИ тоа ништо не им значи, низата на лоши политики во образованието никако да запре.

Постави одговор

Your email address will not be published.