Втора рудна преговори: Русија соопшти дека за време на разговорите договорила хуманитарни коридори со Украина

Заврши вториот круг разговори меѓу делегацијата на Русија и Украина во Белорусија, изјави шефот на руската делегација Владимир Медински за руските медиуми, а двете страни се договориле за хуманитарни коридори за цивилите.

„Темелно разговаравме за три точки – воена, меѓународна и хуманитарна, а третата е прашање за идно политичко регулирање на конфликтот. И двете позиции се јасни и запишани. Успеавме да се договориме за некои од нив, но клучната работа за која постигнавме договор денеска беше прашањето за спасување цивили кои се најдоа во зона на воена судири. Руските и украинските министерства за одбрана се договорија за обезбедување хуманитарни коридори за цивилите и за можен привремен прекин на огнот во областите каде што се случува евакуација“, изјави Медински за медиумите.

Разговорите траеја два и пол часа.

Во меѓувреме, украински преговарач рече дека разговорите не дале никакви резултати што и требаат на Украина, но тој рече дека има „решение само за организација на хуманитарни коридори“.

„Втората рунда преговори е завршена. За жал, резултатите што ѝ се потребни на Украина сè уште не се постигнати. Решение има само за организација на хуманитарни коридори“, напиша во твит високиот украински функционер Михаило Подољак.

Друг член на руската делегација, Леонид Слуцки, за Русија 24 изјави дека двете страни се договориле за третата рунда разговори, што ќе се случи во „најблиска иднина“.

Постави одговор

Your email address will not be published.