Власта на СДСМ и ДУИ бара народот да штеди, а тие народните пари ги трошат за кафиња, жардињери и хотелски услуги

Власта на СДСМ и ДУИ кажува дека 5 месеци знаеле каква криза и престои на Македонија, а во исто време расипнички трошеле 2 милиони евра за луксуз.

Додека народот во редици чека за горива, брашно и масло, за да заштеди некој денар, владата на СДСМ и ДУИ потрошила 300 илјади евра за цвеќиња, кафиња и хотелски услуги.

Само министерството за политички систем раководено од Артан Груби за овие месеци од кога знаеле дека ќе дојде до криза потрошило 30 илјади евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардињери.

Додека власта бара народот да штеди, ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор  за процена на деловен простор одвоиле 4.7 милиони денари, а Собранието планира да набавува услуги за мобилни телефони во висина од 11.800.000 денари и сето тоа го плаќаат со народни пари.

Овие и уште десетици други случаи покажуваат дека власта на СДСМ и ДУИ безмилосно троши народни пари додека граѓаните осиромашуваат. Ете затоа власта на СДСМ и ДУИ одбива да ја намали акцизата на горивата за 50%, за да може да собира пари кои потоа ќе ги троши на кафиња, режано цвеќе, набавки на жардињери и хотелски услуги.

Постави одговор

Your email address will not be published.