Арсовска: До крајот на месецот бесплатен автобуски превоз за пензионерите

До крајот на месец март пензионерите повторно ќе се возат бесплатно во автобусите од градскиот превоз во Скопје. И покрај енергетската и економската криза градоначалничката Данела Арсовска не се откажува од оваа мерка за која од буџетот на Град Скопје ќе се потрошат 650.000 евра кои веќе се префрлени на ЈСП „Скопје“. Бесплатниот превоз ќе важи во вторник, петок, сабота и недела, како што беше пред да се укине поради заштита од ширење на коронавирусот.

„Никогаш нема да се настапува на штета на граѓаните. Јас верувам дека директорот на ЈСП Скопје кој го затекна претпријатието во девастирана состојба и се соочува со бројни опструкции, тоа што го ветил и кажал, а што е поминато на седница на Совет, ќе го реализира. Во втората половина на месец март ќе почне бесплатен превоз за оваа категорија граѓани“, рече градоначалничката Данела Арсовска одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали овој проект ќе се стопира со оглед на економската криза и тоа што се бара помош од Владата.

Постави одговор

Your email address will not be published.