Стојаноска: Пржинската влада треба да се укине, СДСМ и ДУИ покажаа дека им служи како параван за недемократски избори и непочитување на законите

СДСМ докажа дека нема политичка волја за да се спроведат фер и демократски избори, а Пржинската влада каква што беше параван за недемократските услови за избори и кај СДСМ и ДУИ не постои политичка култура за она што е договорено и почитување на законите, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Стојаноска во врска со непочитувањето на законите од страна на СДСМ и ДУИ потсети на случајот со Рашела Мизрахи која ја разрешија незаконски.

– Немаат волја за фер и демократски избори и ВМРО-ДПМНЕ нема да им служи како параван за да имаат изговори дека е дел од таа влада. Време е да престанеме со такви неуставни и еднокрани решенија како Пржинската влада, нагласи Стојаноска .

Во однос на предлогот за една изборна единица, таа потсети дека тоа е ветување дадено од Зоран Заев уште во 2016 година, но предлог законот од помалите политички партии стои по фиоките заглавен во Собрание и ВМРО-ДПМНЕ е тука како потсетник на она што е заглавено, а е во интерес на државата.

– Имајќи ја предвид актуелната политичка ситуација сега е време кога може да согласиме за една изборна единица, бидејќи така добиваме подобра претставеност на сите општествени групи во Парламентот, би се подигнале демократските стандарди во државата и ќе се добие еднаква тежина на гласот на секој граѓанин во Македонија.  Ова е и единствена можност за помалите политички партии да не бидат приморани да предизборно коалицираат за да имаат шанси да освојат мандат, туку рамноправно да одат со свои листи, рече Стојаноска.

Стојаноска исто така потсети дека дали ќе се стави предлог законот за една изборна единица зависи од Тала Џафери и ДУИ која  главна во ова владејачко мнозинство и партија поради која речиси се е закочено и која уценува за сите процеси во државата.