Стојаноска: Насилието на СДСМ и тензиите во Собранието се затоа што Законот за наставници овозможува партизација и нема зголемување на платите на наставниците
Насилието на СДСМ и тензиите во Собранието се затоа што Законот за наставници овозможува партизација и нема зголемување на платите на наставниците.
Значи, повторувам, Законот за наставници кој е на дневен ред денес на собраниската Комисија за образование е Закон со кој се овозможува партизација на образованието и Закон со кој не се зголемуваат платите на наставниците.
Зошто СДСМ е заинтересирана за овој Закон? Па сака да го донесе, дури и по цена на кршење на Деловникот за работа на Собранието.
Ова е Закон со кој СДСМ предвидува вработување на наставници на неопределено време, без приправнички стаж, со што се укинува еден од механизмите за контрола на квалитет и се овозможува партизација во образованието.
Трансформацијата на работниот однос е решена во затворен круг на градоначалникот, директорот кој го именува градоначалникот и кој формира училишна комисија за вработување и комисија за трансформација, која ја формира градоначалникот. Ова е основ за политизација на вработувањата.
СДСМ, да се грижеа за просветниот кадар и за покачување на нивните плати, ќе го усвоеја амандманот на Законот за минимална плата, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, тоа е одбиено и се прибегнува кон усвојување на овој штетен Закон. Затоа, ние нема да ги прифатиме измените кои власта на сила ги турка во Собранието.