Нов црн рекорд: 31 починат, 1222 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.342 тестови, а регистрирани се 1.222 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 649, Битола – 61, Тетово – 56, Куманово – 55, Велес – 50, Кавадарци – 49, Гостивар и Прилеп – по 35, Струмица – 34, Охрид – 26, Штип – 20, Неготино – 19, Кочани – 18, Струга – 16, Кичево и Гевгелија – по 14, Радовиш – 12, Крива Паланка – 9, Македонски Брод и Делчево – по 6, Берово, Ресен, Свети Николе и Валандово – по 5, Богданци и Дебар – по 4, Демир Хисар и Виница – по 3, Дојран, Кратово, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.222), регистрирани се 157 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 6 починати лица од Скопје (62г, 70г, 73г, 83г, 84г и 85г), 5 лица од Куманово (65г, 67г, 72г,81г и 85г), 3 лица од Битола (70г, 80г и 89г), 2 лица од Охрид (53г и 62г), по едно од Прилеп (85г), Радовиш (81г), Виница (61г), Македонска Каменица (83г) и Неготино (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Скопје (3), Битола (2), Охрид (2), Делчево (1), Гевгелија (1) и Кичево (1). Починатите се на возраст од 63г до 86г. Од пријавените лица, 2 се починати во болнички услови и 8 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 – 10.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=31), 9 лица се целосно вакцинирани, кај 30 лица се регистрирани коморбидитети.