Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од парите кои ги украдоа Зоран и Вице Заев и луѓето околу нив кои се сега во владата

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од парите кои ги украдоа Зоран и Вице Заев и луѓето околу нив кои се сега во владата.

Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чинеше милион пати помалку од сите матни тендери во РЕК Битола и рекети, за кои имаше кривични пријави за Вице од кои исчезна неговото име.

Прославата на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од туцето пари кое Ден Дончев го ставаше во торба, а нема одговорност.

Настанот чинеше неколку пати помалку од парите кои Драги Рашковски ги собра за мекици.

Настанот на ВМРО-ДПМНЕ чини и многу помалку од парите од местените тендери за бандери по општини од нивните поранешни градоначалници.

СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано 1090 проекти за 100 дена, 166 капитални објекти, 33 градинки, 68 училишта, 206 улици и патишта.

СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат.