ВМРО-ДПМНЕ повикува да се донесе во Собранието Декларација за Украина за мир и заштита на интегритетот, воедно СДСМ да не бега и да ја поддржи Декларацијата за Гоце Делчев

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите политички партии да се изгласа во Собранието Декларација Украина за мир и заштита на нејзиниот интегритет. Украина е суверена и независна држава и не смееме да дозволиме и да поддржуваме да биде нарушен нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Во 21 век недозволиви се воени дејствија, а мирот и дипломатијата треба да бидат на прво место. Недозволиво е да се кршат основните принципи на меѓународното право и демократскиот поредок.

Македонија како држава минала и минува низ многу премрежија, се уште се соочува со негирање на нејзиното постоење и корени. Македонија е изградена од жарот за човечки правдини, од борбата за слободна, независна и суверена држава и токму затоа треба да застанеме на страната на интегритетот на Украина. 

Во овие тешки времиња потребно е како нација да се обединиме и да ја донесеме таа Декларација, но воедно да ја изгласаме и Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев која ја предложивме. Гоце Делчев е симболот, столбот и идеологот на современата македонска историја, темелот на македонскиот современ идентитет и идејата за слободна и независна држава.

Затоа мораме двете Декларации да ги изгласаме заедно, бидејќи тоа е нешто кое што во името на сите наши борби и стремежи го должиме како симболичен гест и искрена желба како народ со своја историја на слобода и борба за правда.

СДСМ и наместо да ги користи несреќите за политика  нека се одважи и да поддржи Декларациите за Украина и за Гоце Делчев. Само така ќе докаже дека се на вистинската страна и дека позадински не го подриваат