Филипче уште 6 месеци ќе има обезбедување

На поранешниот министер за здравство, Венко Филипче му е продолжено обезбедувањето за уште 6 месеци, но тој негира дека имал закани по живот.

„Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци“,изјавил Филипче за „Фокус“.

„Ако нема безбедносни закани тогаш зошто му е државно обезбедување на Венко Фичипче.

Добро е власта да излезе со прецизна пресметка колку ќе ги чини граѓаните безбедноста на Венко Филипче.

Врз основа на кој основ му е доделено обезбедување кога веќе самио тврди дека нема безбедносни закани.

По златните чинии кои ги набави Ковачевски, специјално нарача и ново луксузно државно возило Шкода Суперб за Зоран Заев со целосно обезбедување и државното лично обезбедување за Венко Филипче, е уште една забеганост на власта на СДСМ“, е коментарот од ВМРО-ДПМНЕ.