Укината пресудата на судијата Панчевски – излегува од затвор
Обвинет за наводна злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека од 2013 до 2016 година, надвор од системот АКМИС, по сопствена волја, поделил 45 судски предмети на судии за кои тој сметал дека се „подобни“, поранешниот судија на Претседател на Основен Суд 1 Скопје, Владимир Панчевски, пред 10 дена почна да ја издржува затворската казна од две и пол години затвор.
Но, вонредното преиспитување од страна на Врховниот Суд, придонесе да одлуката се поништи и предметот се враќа на повторно одлучување во Скопскиот Апелационен Суд.