Слава на Прличев

На денешен ден во Охрид во 1893 година е починат Григор Прличев . Тој е истакнат македонски писател од времето наромантизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век. Покрај мајчиниот македонски јазик, творел и на грчки и бугарски јазик, и ги обединувал во себе нивните специфични карактеристики, како и современите текови на класицизмот и романтизмот. Според Македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб.

Прличев живее и работи во повеќе балкански културни центри (Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Солун, Атина, Тирана, Цариград, Софија). Коректно владее повеќе балкански и европски јазици.

Поетската творба Сердарот се смета за апсолутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал. За книжевната наука оваа поема треба да се разгледува во контекстот на европската теорија на романтизмот. За неа авторот во Атина го добива од критиката прозвиштето Втор Хомер.

Други позабележителни негови творби се Автобиографијата и словото-есеј „Чувај се себеси. Тоа се комплементарни книжевни дела и ја доречуваат на директен начин основната порака на Сердарот.

Постави одговор

Your email address will not be published.