СДСМ и ДУИ гласа против зголемување на пензиите за 20%
Денеска на дело на пленарна седница имавме можност да го видиме односот на СДСМ и ДУИ, односно на владејачкото мнозинство како се однесуваат кон сите категории на граѓани, а на денешната пленарна седница кон пензионерите, категорија на граѓани која најтешко ги поднесува овие кризи и состојби кои ги има во државата. Имено имаме пораст на цените на одредени производи, како и на електричната енергија и на тој начин пензионерите може да западнат во една критична група на граѓани кои што тешко го поминуваат месецот како граѓани на оваа држава.
Од таа причина пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе едно законско решение со кое бараме зголемување на вкупниот износ на исплата сите видови пензии за април за 20% и се дели вкупниот број на корисници на пензија, каква пензија би оствариле во 2022 година. По реакции на одредени групи на граѓани, односно пензионери размислуваме истото да го дискутираме на комисиска расправа и можноста за зголемување на пензијата линеарно по 3.000 денари за секој граѓанин како би немало голема разлика во зголемувањето на пензиите. Меѓутоа за жал овој материјал или овој закон, владејачкото мнозинство го изгласа против, за да не може за истиот да се дискутира на пленарна седница денес.
Со жалење можам да констатирам дека владејачкото мнозинство едно зборува, а друго прави. Можноста да изгласаме законско решение и почеток на разговори за законско решение за зголемување на пензиите на пензионерите за 20% беше денес пред пратениците, меѓутоа пратениците од СДСМ и ДУИ гласа против ова законско решение.
Прашање: Која е според вас причината што власта бега од овие закони и дали претходно сте ги најавиле законите?
Одговор: Апсолутно да. Значи ова законско решение е најавено на 11 февруари 2022 година, односно пред 5 дена од денес и имаа доволно време овие три листа хартија да ги преведат и истите да се најдат на првата наредна седница како што вика и Деловникот. Меѓутоа очигледно е дека се што доаѓа како предлог од ВМРО-ДПМНЕ е страшно за владејачкото мнозинство, а пензионерите се тие кои што ќе ценат дали ВМРО-ДПМНЕ, или владејачкото мнозинство дава поддршка и кога пензионерите земале редовно и имале зголемување на пензиите. Она што СДСМ и нивната медиумска машинерија го работи е само декларативната заложба за пензионерите, како и за сите други граѓани во државата.
Прашање: Има ли некоја пресметка или треба да истражуваат за колку пензионери се работи?
Одговор: Се работи за 325.000 пензионери кои што би добиле одредено покачување на пензијата, а во исто време морам да кажам иако се замрзнати цените на одредени производи зголемувањето на цените и ценовниот шок, како и зголемувањето на електричната енергија е огромно така да пензионерите се тие кои што најмногу го осеќаат, и сметаме дека е достоинствено да им се помогне со одредени средства како би можеле овие зголемувања на цените на производите, електричната енергија па и на лековите кои што ги користат во огромен број, едноставно да им го олесниме начинот на живот и поминувањето на еден месец на секој пензионер.