Позната причината за прекинот во снабдување со електрична енергија

Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир и други населби во Скопје се без струја, како и Свети Николе, Штип, Карбинци, Велес и други општини во Македонија.

Сеуште неофицијално, причина за ова е запалената трафостаница на МЕПСО во населба Пинтија каде пожарот е во полн ек и противпожарните единици се на терен и се справуваат со пожарот.

Многу од граѓаните реагираат, и тоа со право.

На целиот овој немил настан присуствува и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој веднаш ја напушти Македонска Филхармонија каде се одржува настан организиран од ВМРО-ДПМНЕ по повод 100-те дена од работата на градоначалниците од оваа партија.

Постави одговор

Your email address will not be published.