Поефтин ПР на Владата немало до сега – да извадиш човек пред камери кој ќе го убедува народот дека со 18,000 денари се живее!

Полико Авдиу, шивач во фабриката „Текстил Солушн“, денес беше ставен во ПР функција на Владата. Излезе пред камери и јавно му се заблагодари на Премиерот Ковачевски за 18.000-те илјади денари минимална плата, не баре тој самиот од џебот ги вади и му ги дава.

Тој кажа дека се вратил од Германија каде работел 18 години, дека условите за живот се подобри во Македонија и дека 18,000 не се многу, ама за еден скромен живот ќе помогне!

Ефтини приказни, нема што!

Постави одговор

Your email address will not be published.