Нов пресек на ситуацијата: Руската армија ја презема контролата врз Чернобил, уништени авиони и бродови

За време на специјалната операција, руските вооружени сили онеспособиле 118 објекти на воената инфраструктура на Украина, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.
„Меѓу нив има 11 воени аеродроми, 13 командни пунктови и комуникациски центри на вооружените сили на Украина, 14 ракетни системи С-300 и „Оса“ и 36 радарски станици“, рече Конашенков.
Единиците на руските воздухопловни сили презедоа целосна контрола над територијата во областа на нуклеарната централа Чернобил, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Преземените мерки за заштита на нуклеарната централа во Чернобил гарантираат дека националистите или терористите не можат да организираат нуклеарна провокација.
Радиоактивната позадина во областа на нуклеарната централа е во нормални граници. Персоналот на нуклеарната централа продолжува да ги сервисира објектите на редовна основа и ја следи радиоактивната ситуација, се наведува во соопштението на руската армија.
Министерството за одбрана наведува и дека за време на специјалната операција биле соборени пет украински борбени авиони, еден хеликоптер и пет беспилотни летала.
Ликвидирани се и 18 тенкови и други оклопни возила, седум ракетни фрлачи, 41 единица автомобилска опрема и пет воени бродови.
Се наведува и дека 36-та бригада на украинските маринци го спуштиле оружјето и побарале од Доњецката Народна Република коридор за да ја напуштат таа територија.
Во областа на островот на Змиите (регионот Одеса), 82 украински војници го положија оружјето и се предадоа. По потпишувањето на изјавите за откажување од учество во борбите ќе се вратат кај семејствата што е можно поскоро.
„За време на борбите, над 150 војници од различни украински структури го положија оружјето и се предадоа“, рече Конашенков.
Во реонот на Николаевск се предадоа 11 војници на 53-та украинска механизирана бригада.
Според Конашенков, силите на ДНР и ЛНР продолжуваат со контраофанзивните операции против единиците на вооружените сили на Украина со поддршка на вооружените сили на Русија.
Претходно, во специјално обраќање до граѓаните на Русија, претседателот на Русија, Владимир Путин, објави дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас. Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.

Постави одговор

Your email address will not be published.