Најавен протест за утре на кандидатите за полагање на испит за директори во образовните институции

За утре е најавен протест на кандидатите кои чекаат Државниот Испитен Центар да ги повика за да можат да ги следат обуките и да го полагаат испитот за директори во образовните институции. И покрај високата сума која тие веќе ја уплатите – повеќе од 30,000 денари, сеуште нема никаква најава од ДИЦ дека ќе ги организира обуките, па потоа да може да се спроведе испитот.

Тие сметаат дека ова е тенденциозно од страна на ДИЦ, додека од ДИЦ демантираат и велат дека работат законски и обуките и испитите за директори се спроведуваат редовно. Последниот испит бил организиран во декември.

Постави одговор

Your email address will not be published.