МНР издаде соопштение граѓаните на Република Македонија да ја напуштат Украина заради опасност од воени дејства

Министерството за надворешни работи на Република Македонија издаде соопштение во кое ги повикува сите граѓани на Република Македонија да ја напуштат Украина заради опасност од воени дејства. Соопштението го пренесуваме во целост:

„Министерството за надворешни работи на Република Македонија, следејќи ги одблиску состојбите во и околу Украина, апелира до граѓаните на земјава:

Сите државјани на Република Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата; дополнително, сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата.

Соодветно на претходните повици, граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:

+380442877882

+380663951190

е-mail: [email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани“, се вели во соопштението на МНР.

Постави одговор

Your email address will not be published.