Матичните доктори утре ќе примаат само итни случаи

Претседателката на Здужението на матичните лекари, Д-р Лилија Чолакова Дервишова ја извести јавноста дека утре, 18.02.2022 година, матичните лекари ќе изразат револт заради игнорантскиот однос на ФЗОМ. Нема да даваат услуги преку Мој термин освен за итни пациенти.

„Сите ќе бидеме во нашите амбуланти со нашиот персонал.

Долго време никој не реагира на нашите апели да примарното здравство – не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори,поскапување на гориво и храна.

Стратешки барања

Пациенти на ПЗУ

Да нема оваква казнена политика за административни моменти

Основен пакет на услуги

Партиципација

Потребни се неколку реформи за задоволни доктори и задоволен медицински персонал. Ако си заминат сестрите од малите места нема да има тимови ако нема тимови нема амбуланти. Тоа е на штета на народот!!! За квалитетно здравство, добри лаборатории, квалитетни специјалистички амбуланти и до брза дијагноза!!!

Утре имам средба со заменик министерот Рендевски. Да се надеваме на реформи за добробит на сите!!! За нас и нашиот народ се работи!!! Ги повикуваме пациентите во текот на денов да си дојдат за хронична терапија“, напиша Чолакова Дервишова на својот профил.

Постави одговор

Your email address will not be published.