Кремљ реагира на говорот на Бајден

Русија „се измори“ од слушање „закани“, рече портпаролот на Кремљ.

Соединетите Американски Држави продолжуваат да предупредуваат дека Русија би можела да ја нападне Украина „секој ден“ во услови на ескалација на тензиите во регионот, а државниот секретар Антони Блинкен во средата изјави за ABC News дека САД не виделе „никакво значајно повлекување“ на руските сили и дека рускиот претседател Владимир Путин Путин може да го „повлече чкрапалото“ во секој момент.

Се проценува дека повеќе од 150.000 руски војници се постирани во близина на границите на Украина, изјави во вторникот американскиот претседател Џо Бајден, додека американските власти ги повикаа сите Американци веднаш да ја напуштат Украина.

Додека Путин и Кремљ тврдат дека Русија почнала да повлекува некои војници од близина на границите на Украина, ABC News дознава дека Путин им рекол на своите воени сили да бидат подготвени за инвазија до среда. Останува нејасно дали тој донел одлука да го нападне својот сосед. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во меѓувреме, повика на национален ден на единството во среда.

Русија негираше дека планира да изврши инвазија и побара од САД и НАТО да и забранат на Украина да се приклучи на воената алијанса.

Постави одговор

Your email address will not be published.