Иванка Василевска: Гоце Делчев е Македонија! Запомнете сите, Македонија!

Денес на почетокот на изгласувањето на дневниот ред на закажаната пленарна седница на Собранието на Република Македонија, побаравме повторно како приоритетна точка да биде ставена Предлог Декларацијата од ВМРО-ДПМНЕ за чествувањето на 150 годишнината од раѓањето на Делчев.

Иако Предлог Декларацијата е поднесена во архивата на Собранието на 7.2.2022 година, нема ни трага, ни глас, ниту абер дека истата ќе биде ставена во процедура.Гоце велеше, дека “не познава друг народ сем Македонскиот, кој страдал толку многу од своите синови-изроди”!

Декларацијата за Делчев го покажа заткулисниот инженеринг за уривање на Македонскиот национален идентитет.

Гоце Делчев е Македонија!

Запомнете сите, Македонија!

Постави одговор

Your email address will not be published.