За нештата да станат појасни: Лага е дека покачувањето на платите е регулирана со овој закон, и во овој предлог закон тоа е регулирано преку спогодба меѓу МОН и репрезентативниот синдикат!

Претседателката на комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ напиша мало појаснување за тоа кој и зошто го кочи донесувањето на предлог законот за измени и дополнивања на законот за наставници и стручни соработници:

„Почитувани наставници,

Верувам дека пратеничката Санеја Шкријељ го нема прочитано Предлог законот за измени и дополнивања на законот за наставници и стручни соработници, зошто не верувам дека било кој пратеник, дури и оние од СДСМ, само за партиски потреби, би си дозволиле таква неморална манипулација на вас наставниците. Почитувани, законот НЕ Е закон за покачување на платите. Тоа е ЛАГА! Покачувањето на платите на наставниците и во овој предлог закон е регулирано преку спогодба меѓу МОН и репрезентативниот синдикат, при што се утврдува висината на бодот.

Почитувани самиот предлагач на Предлог законот кажува дека ова што го пишувам е точно со тоа што посочил дека овој закон НЕМА ФИСКАЛНИ ИНПЛИКАЦИИ!

#СрамотаЕСрамота

#ДостаЕВеќеИзбориСеЧарето“.

Постави одговор

Your email address will not be published.