Ефтимов: Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители власта сака да го протне со злоупотреба на европското знаменце

Денес, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се наоѓа Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители кој што е поднесен со европско знаменце, а притоа во  предлог законот не се наведени регулативи и директиви според кои се врши усогласување со правото на Европската Унија.

Едноставно власта повторно сака да протне предлог закон со злоупотреба на европското знаменце.

Имено, наместо регулативи и директиви според кои се врши усогласување со правото на Европската Унија, во предлог законот е наведена само препорака која што сама по себе не претставува никаков изворен акт на Европската Унија.

Дополнително, според Деловникот на Собранието на Република Македонија за еден предлог закон да биде со европско знаменце мора да содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската Унија како и податоци за изворниот акт на Европската Унија, но такви одредби и изворен акт во овој предлог закон, не постои.

Што се однесува до содржинскиот дел на предлог законот со овие измени се отвора вратата за партизација на самата акедемија, а преку неа и на целокупниот правен систем.

Се работи за начинот на бодување однсно спроведување на приемниот дел или практичнот испит чие бодување ќе зависи директно од приемната комисија. Во досегашното законско решение начинот на спроведување и оценување на испитите е уредено во самиот текст на закон, а сега се предложува да се уредува со подзаконски акти, што би значело поголемо учество на човечки фактор  пред одлучување за влез во академијата, а со самото тоа и субјективно оценување што претставува отворен  пат кон партизација и непотизам.

Досегашниот начин на прием на слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители, гарантира поголема објективност и стручност при конечниот избор на судии и јавни обвинители, наспроти предложеното законско решение кое владата на СДСМ веќе 3 години сака да го спроведе преку злоупотребата на европското знаменце, нуди субјективност, намалена транспарентност и дискреционо право на примената  и завршната комисија да манипулира и калкулира при давањето на оценки.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итно повлекување на Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, тргање на европското знаменце и почитување на процедурите од Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Постави одговор

Your email address will not be published.