Владејачкото мнозинство не ја свикува комисијата за избори и именувања затоа што нема мнозинство и ја кочи работата

Ова собрание тешко функционира после локалните избори затоа што има измени во собраниските комисии каде што на три комисии треба да се променат претседателите, а на 15 од 21 треба да има промени во однос на членовите и замениците,  бидејќи има нова состојба со пратениците. Затоа најитно е дека треба да се свика Комисија за прашањата на избори и именувања, а владејачкото мнозинство не ја свикува комисијата затоа што нема мнозинство во истата и со тоа се е закочено, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната седница на собраниската комисија за труд и социјална политика.

Таа потсети дека претходно на СДСМ не им сметаше кога во опозиција тие имаа мнозинство истата комисија.

– Се повикуваат на собраниска пракса само кога тоа исклучиво ним им одговара. Многу закони чекаат да бидат ставени на ред, но ова парламентарно мнозинство селективно делува и селективно се вади. Тоа се нивните двојни аршини, кога им одговара се повикуваат на една собраниска пракса, кога не им одговара кажуваат дека не може така. Еве ние како опозиција се согласивме оваа комисија за труд и социјална политика да биде свикана затоа што има битен закон за минимална плата. Но и други закони чекаат добра волја на власта, рече Стојаноска.

Таа нагласи дека ова е доказ дека собранието не е блокирано од страна на пратениците на опозицијата, туку власта сама си го блокира како што ќе се договори и како им одговара.

Видео:

https://www.facebook.com/watch/?v=1044261743142922

Постави одговор

Your email address will not be published.