На официјалата фан страна на култната група Парни Ваљак се објави веста за смртта на Аки Рахимовски:
„За малку нежност
Ќе се согласам на се
за малку нежност
да можам да заспијам“
Драги пријатели, со неопислива тага во срцето ве известуваме дека денес , 22.1.2022 Аки Рахимовски заспа засекогаш.
Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот менаџер Дамир Осредечки за хравтскиот портал 24sata.hr. Тој изјавил дека утринава му се слошило и бил однесен во болница во Ново Место, но дека сеуште не е позната причината за неговата смрт.