Пожар во „Жито Битола“

Повеќе телевизии и портали ја пренесуваат веста дека многу силен пожар избувнал попладнево околу 17.20 часот во објктот на фабриката „Жито Битола“.

На терен е излезена противпожарната единица, но сеуште нема информации за тоа како е настанат пожарот.

„Жито Битола“ е во приватна сопственост и работи како мелница, а истовремено произведува и бели пецива.