Нова серија земјотреси

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 11.1.2022 година, повторно регистрира серија на земјотреси од кои два беа почувствувани со епицентри кои се наоѓаат на околу 120km јужно од Скопје во соседна Грција во околината на Лерин. Првиот земјотрес кој се случи во 1 часот и 52 минути беше со Рихтерова магнитуда ML4.4, а беше најсилно почувствуван од населението во југозападниот дел на државата и тоа со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Вториот почувствуван земјотрес беше во 7 часот и 33 минути со Рихтерова магнитуда ML3.0 а беше почувствуван од населението во југозападниот дел на Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Постави одговор

Your email address will not be published.