На денешен ден почина Петар Поп Арсов
Петар Поп Арсов (14 август 1868 – 1 јануари 1941) — македонски национален херој, филолог, револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Првиот устав на Внатрешната организација и автор на познатата публикација „Стамболовштината на Македонија и нејзините претставници“, идеолог, книжевник, публицист, борец за национално, културно и духовно издигање на македонскиот народ. Поборник за македонската самобитност. Борец за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за изградување на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис.
Главна статија: „На Мокров“
Рајо, рајо! Мислиш ли ти, дека со бабински плачеви ќе те слушне Бог и ќе се спасиш? Се лажеш несреќнице! Дојди по мене и ќе се спасиш – рекол Исус на еден, а тоа значи: Стани, опри се против непријателот и Бог ќе ти помогне. Лозјето не сака молитва, ами мотика! Од оф и леле и што ми било пишано! до сега никој не видел аир… та свести се, забога! Те тепа арнаутин – тепај го и ти! и тој душа и ти: раце ти дал Господ – што му додеваш на Бога…