И Камчев излегува од притвор
Со прифаќаење на гаранцијата понудена од страна на Орце Камчев, Апелација ја укина мерката притвор и му дозволи да се бани од слобода. Сепак, патните исправи ќе бидат задржани, како мерка на сигурност дека бизнисменот ќе се појавува на судските рочишта.
Орце Камчев е во притвор од средината на март минатата година, врз основа на апсурдна службена белешка од АНБ во која било наведено дека планира бегство за Бугарија.