Беќаровски распали по Комисијата за заразни болести

Фејсбук статус на Доктор Беќаровски:

„Почитувани членови на Комисијата за заразни болести

Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со Ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните,

НА 10.01.22 ЌЕ НЕМА КОЈ ДА РАБОТИ ВО ДРЖАВАТА !!!!

Сите ќе бидеме во изолација.

Изолацијата на контактите при вака раширен Омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост.

Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена.

#Почитувани граѓани ако денес имавме 1197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште >5000 кои се самотестирани и >25.000 недијагностицирани.

Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8ми март ќе може пак да играте чочеци.

P.S. за Flurona и Ihu некој друг дeн, премногу е за денес“.

Линк до постот:

https://www.facebook.com/niko.bekarovski