Традицијата продолжува во Вевчани

Карневалот е еден од најпознатите настани во Вевчани. Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, а тематиката е критика на моменталните ситуации во општеството.

Се празнува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува новата православна година, а се испраќа старата. Инаку, тој е пагански обичај кој тука се сочувал сè до денешни дни. Учесниците во него се нарекуваат василичари. Тоа се маскирани поединци и групи од сите возрасти организирани по маала.

Тоа се маските на зетот и невестата, на музичарите, на Глупи август и на ѓаволите. Особено е карактеристична маската на Глупи Август. Обично неговата улога ја прифаќаат млади луѓе, полни со енергија, бидејќи тоа го бара самиот лик. Глупи август настапува со дозирана агресивност во заштита на зетот и невестата (симболот на плодноста), а со публиката комуницира само со крикови и движења. Оваа маска се јавува од времето на антиката како своевидна пародија на тогашните владетели. Наспроти овие маски, во далеку поголем број се актуелните маски кои се јавуваат само еднаш. Токму тоа ги тера учесниците да бараат нови идеи и маски што го чини карневалот секогаш актуелен, масовен и привлечен за јавноста. Покрај тоа, тој има и натпреварувачки карактер меѓу соперничките групи на Долна и Горна Маала.

Еве неколку интересни маски од годинешниот карневл:

Постави одговор

Your email address will not be published.