Со кои граѓани се сретнавте Претседателе, па сега мора да се правдате?!?!

„Во врска со соопштението од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, ставот на претседателот Пендаровски е дека ниту една негова постапка, ниту досега била, ниту отсега ќе биде во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година, вклучувајќи ја и средбата со здруженија на граѓани од Република Бугарија. Претседателот Пендаровски смета дека секоја институција во двете држави треба да даде свој придонес во надминувањето на отворените прашања и во таа насока е посветен за зајакнување на дијалогот и целосна имплементација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, се вели во соопштението од кабинетот на Претседателот.

Кои се тие граѓани со кои се сретнавте Претседателе? Да не беа случајно Македонци кои живеат во Бугарија и само сакаат да им се почитува основното човеково право на самоопределување? До кога ќе ги поддржувате погубните политики?

Постави одговор

Your email address will not be published.