Пендаровски, гледај и учи од Ахмети!

Статус на Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и член на ИК:

„Пратеникот Ахмети придружуван од првиот вице-премиер и министерот за надворешни во посета на Владата на Косово со изјава дека Косово му е секогаш со срцето и умот кога носи одлуки и презема акции.

Од друга страна, претседателот на МК – Стево Пендаровски ги повика Македонците од ОМО Илинден за да ги понижи притоа неспомнувајќи дека прво станува збор за Македонци, а дури после тоа за граѓани на Бугарија. Оти ако тие беа само граѓани на Бугарија, а не беа и Македонци, тогаш што воопшто ќе бараа кај него во кабинет, нели?

Дојде ред оној што е платен од овие граѓани да ја брани македонштината, да се срами и да се плаши да го изговори зборот Македонец во главниот град на Македонија.

Пендаровски, гледај и учи од Ахмети. Ти не си врховен командант, ти си само послушник на Заев и ја спроведуваш анационалната политика која заедно ја имате договорено со Ковачевски и Османи на штета на македонските национални интереси и македонскиот народ.

Доста си играте со чувствата на Македонецот!

#Однародени“, пишува Ковачки во својот пост.

Линк до постот:

https://www.facebook.com/DraganKovachki

Постави одговор

Your email address will not be published.