Министерот за здравство, Сали ги повика Др. Драган Даниловски, Др.Никола Пановски и Др. Вело Марковски да бидат дел од новата Комисија за заразни болести

Според најавите, а во согласност со законските надлежности, како министер за здравство на Република Македонија наскоро ќе ја формирам Комисијата за заразни болести. Таа е советодавен орган во чиј состав се истакнати експерти кои преку научни толкувања ќе ни овозможат ефикасно, навремено и ажурно да предлагаме мерки во согласност со епидемиолошката состојба. Непобитен факт е дека сегашните околности бараат засилено и координирано дејствување, врз основа на стручни и реалистични проценки.

Оттука, како министер најавував дека промените во ова тело ќе бидат во насока на проширување и дополнување на неговиот состав, со нови, професионални, кадри од повеќе области. Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Драган Даниловски, д-р. Никола Пановски и д-р Вело Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа.

Чест и задоволство ми е јавно да го упатам повикот до овие експерти врз основа на внимателното следење на јавната дебата околу нивното можно вклучување во Комисијата за заразни болести. Гласот на науката е клучен во борбата против Ковид-19. Да го искористиме на најдобриот начин!

Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници, пишува Министерот на својот фејсбук профил.

Постави одговор

Your email address will not be published.