Кој од кого поопасен за македонштината?

Никола Димитров денес имаше „срцепарателна“ прес конференција во која обвинува дека намерно е тргнат од сегашниот состав на Владата заради неговите позиции во однос на прашањето со Бугарија. Тој смета дека позициите што ги застапува во процесот на преговори со Бугарија се исправни и важно е да се одржат, но и дека нема да дозволи поставените граници да се поминат по каква била цена. Заради тоа е „тргнат“ од новата Влада.

Но, го спомена и Бујар Османи: „Немам целосна доверба во министерот за надворешни работи во однос на прашањето со Бугарија, со оглед на моето искуство на интерните координации, средбите во Брисел. Имам чувство дека таму има ‘драјв’ за успех по секоја цена, што мислам дека е опасен и непродуктивен. Можеби грешам и се надевам дека грешам“, вели Димитров.

Откако ја поддржуваше политиката на Заев цели 5 години, стави потпис на Преспанскиот Договор со кој заедно со Заев ја ставија Македонија во крајно понижувачка позиција, денес му се „запали“ патриотската ламба!

Срамота е Димотров, срамота!

Постави одговор

Your email address will not be published.