Короната коси – нема нови рестриктивни мерки: Регистрирани 1964 нови случаи, пријавени се 7 починати лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 1070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по – 2, Демир Капија – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 87г), 2 починати лица од Прилеп (74г и 86г) и по едно починато лице од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г). Пријавените лица се починати во болнички услови.