Дневен ковид биланс: 813 нови позитивни случаи и 6 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7, Кочани – 6, Ресен и Виница – по 5, Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4, Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3, Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 74г и 78г) и по едно починато лице од Тетово (78г), Валандово (58г) и Кичево (78г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Постави одговор

Your email address will not be published.